warm up - онтологија

вжеже повеќе

вжежат
Вид збор: Глагол, свршен
Загрее нешто што вообичаено е на пониска температура.
Албански: nxehet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Крвта му ги вжежа образите.

грее повеќе

греат
Вид збор: Глагол, несвршен
затоплува, стоплува, загрева
Албански: nxeh, ngroh
Примери:
Греалката добро грееше и во станот беше пријатно топло.
(се грее) се затоплува, се загрева
Албански: nxehet
Примери:
Водата за чај се грееше.

загрее повеќе

загреат
Вид збор: Глагол, свршен
(се загрее) Се стопли, се затопли.
Албански: ngroh
Примери:
Тој се загреа на огнот и седна да вечера.

згрее повеќе

Види и: грее (несв.)
згреат
Вид збор: Глагол, свршен
стопли, загрее
Албански: nxeh, ngroh
Примери:
Таа го згреа ручекот и седна да јаде.
(се згрее) Стане топол, се стопли.
Албански: nxehet, ngrohet
Примери:
Застана покрај огништето за да се згрее.

изгрее повеќе

изгреат
Вид збор: Глагол, свршен
стопли, огрее
Албански: ngroh
Примери:
Бабата им ги изгреа рачињата на детето измрзнати од снегот.
(се изгрее) се стопли
Албански: ngroh
Примери:
Децата се изгреаја на огинот.

натопли повеќе

натоплат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде топло малку или доволно.
Албански: nxeh
Примери:
Да ги натоплам рацете малку, ми замрзнаа.
(се натопли) Се стопли малку или доволно.
Албански: nxeh, ngroh

пече повеќе

пече
Вид збор: Глагол, несвршен
(се пече) се грее
Албански: nxehet
Примери:
Мачката се качила на катот да се пече.

погрее повеќе

погреат
Вид збор: Глагол, свршен
Грее малку, кратко време.
Албански: nxeh, ngroh
(се погрее) Се грее малку, кратко време.
Албански: nxeh, ngroh

подгрее повеќе

подгреат
Вид збор: Глагол, свршен
Загрее, стопли нешто што е истинато, најчесто храна.
Албански: nxeh, ngroh
Примери:
Домаќинката го подгреа вчерашниот ручек.
Поттикне, одново оживи мисла, идеја и сл.
Албански: gjallëroj
Примери:
Таа ги подгреала старите страсти во него.

подзагрее повеќе

подзагрејат
Вид збор: Глагол, свршен
Загрее малку донекаде.
Албански: nxeh pak
Примери:
Подзагреј ја водата, сакам да се бањам.
(се подзагрее) Се загрее малку донекаде.
Албански: nxehet
Примери:
Водата се подзагреа, оди направи го кафето.
(се подзагрее) Се воодушеви од нешто, се заинтересира за нешто малку, донекаде.
Албански: nxehem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се подзагреале од идејата и ги започнале подготовките за пат.

подзатопли повеќе

Види и: затопли (св.)
подзатоплат
Вид збор: Глагол, свршен
Притопли јадење и сл.
Албански: nxej
Примери:
Подзатопли го гравчето, па да ручаме.
Стане потопло.
Албански: vapë
Употреба: Безлично
Примери:
Подзатопли малку, помина зимата.
(се подзатопли) За просторија - се затопли, се загреа малку, повеќе од порано.
Албански: vapë
Примери:
Огинот пламна во печката и собата се подзатопли.
(се подзатопли) Стане потопло.
Албански: vapë
Употреба: Безлично
Примери:
Конечно се подзатопли.

позагрева повеќе

Види и: позагрее (св.)
позагрваат
Вид збор: Глагол, свршен
позагрее, загрева

позатопли повеќе

Види и: затопли (св.)
позатоплат
Вид збор: Глагол, свршен
Затопли, стопли, загрее во поголем степен.
Албански: ngroh, nxeh më tepër
Примери:
Таа ја позатопли собата.
(се позатопли) Се затопли малку, повеќе.
Албански: nxehet më tepër
Примери:
Времето се позатопли.

понатопли повеќе

Види и: натопли (св.)
понатоплат
Вид збор: Глагол, свршен
Натопли, стопли, згрее уште малку.
Албански: nxeh, ngroh edhe pak
Примери:
Вечерта го понатопли грбот крај огнот.
(се понатопли) Се натопли, се стопли, се згрее малку.
Албански: nxehem, ngrohem

пооблагне повеќе

пооблагнат
Вид збор: Глагол, свршен
За време - стане потопло, затопли.
Примери:
Барем да заснежеше, ќе пооблагнеше малку.

поогрее повеќе

Види и: огрее (св.)
поогреат
Вид збор: Глагол, свршен
Огрее, загрее нешто малку, донекаде.
Албански: nxeh, ngroh
Примери:
Застана до огнот да си ги поогрее рацете.
(се поогрее) Се огрее, се загрее малку, донекаде.
Албански: nxeh, ngroh

постопли повеќе

постоплат
Вид збор: Глагол, свршен
Стопли, згрее малку, уште малку.
Албански: nxeh, ngroh edhe pak
Примери:
Вечерта ја постоплија собата.
(се постопли) Се стопли, се згрее малку, уште малку.
Албански: nxehet, ngrohet edhe pak
Примери:
Тие излегоа да се постоплат на сонцето.

потопли повеќе

потоплат
Вид збор: Глагол, свршен
Топли, загрева некое време.
Албански: nxeh, ngroh
(се потопли) Се топли, се загрева некое време.
Албански: nxehet, ngrohet
Примери:
Прво се потопливме околу огнот, па заминавме.

поублажи повеќе

поублажат
Вид збор: Глагол, свршен
пооблагне
Албански: zbus, ëmbëlsoj

пригрее повеќе

пригреат
Вид збор: Глагол, свршен
Затопли, загрее уште малку, дополнително.
Албански: nxeh edhe pak
Примери:
Ја пригреа супата.
(се пригреа) се загрее, се затопли, се стопли.
Албански: nxehet, ngrohet

припече повеќе

припечат
Вид збор: Глагол, свршен
(се припече) Почне да се пече на сонце, да се грее на оган.
Албански: nxehem, piqem
Примери:
Старицата седна да се припече.

разгрее повеќе

Види и: грее (несв.)
разгреат
Вид збор: Глагол, свршен
Стопли нешто.
Албански: nxeh, ngroh
Примери:
Ќе го приближи до огнот и ќе го разгрее.

разјужи повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
(само во 3 л. - за време) Затопли, стане потопло.
Примери:
Разјужи неделава.

стопли повеќе

стоплат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане топло.
Албански: ngroh, nxeh
Примери:
Земи го детено да го стоплиш.
(се стопли) се затопли, се загреа
Албански: nxeh, ngroh

стоплува повеќе

Види и: стопли (св.)
стоплуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
затоплува, загрева
Албански: ngroh, nxeh
(се стоплува) се затоплува, се загрева
Албански: ngrohet, nxehet

топли повеќе

топлат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави нешто да стане топло.
Албански: nxehet
Примери:
Топли вода.
(се топли) Се загрева, станува топол.
Албански: nxehet
Примери:
Тури вода во тенџерето, нека се топли.
(се топли) За време, станува потопол.
Албански: nxehet
Примери:
Времето се топли.

угрева повеќе

угреваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се угрее) се огрее, се огрева
Албански: nxeh, ngroh

угрее повеќе

угреат
Вид збор: Глагол, свршен
стопли
Албански: ngroh
Примери:
Си ги угреав рацете.